Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала, денес го погоди јужниот дел на Јапонија, соопшти американскиот завод за геолошки истражувања. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 39 километри, 116 километри југоисточно од Кагошима. Како што пренесе “Ројтерс“ засега нема информации за евентуални штети или човечки жртви.