Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала вчера е регистриран на територијата на Босна и Херцеговина.
Епицентарот на земјотресот бил на шест километри северно од градот Мрамор и на 89 километри северно од главниот град на БиХ, Сараево на длабочина од 10 километри.
Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.