Земјотрес повторно ја стресе Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес 2.11.2019 година во 12 часот и 16 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 45 km западно од Скопје, во подрачјето помеѓу Тетово и Гостивар, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.0. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје, Куманово и Дебар со околината земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.