Земјотрес кој се случи во струмичкото епицентрално подрачје попладнево, имаше јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала и беше почувствуван кај Струмица и околните места. Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) го објави настанот, додавајќи дека земјотресот имаше интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на потресот се наоѓа на 116 километри југоисточно од главниот град Скопје. Сличен земјотрес со јачина од 2,8 степени беше забележан и претходниот ден во истиот регион.
Пронајдете не на следниве мрежи: