Силен земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди морското подрачје околу 219 километри јужно од Ушуаја, во провинцијата Огнена Земја, во јужна Аргентина, соопшти Американскиот геолошки завод.
Земјотресот се случил во 09:58 часот по локално време, а потресот бил почувствуван и во Чиле.
Чилеанската Национална агенција за спречување и реагирање при катастрофи нареди евакуација на крајбрежната област на покраината Магаланес во јужниот дел од Чиле поради ризик од цунами по земјотресот.
Земјотресот имал фокусна длабочина од 10 км, според GFZ.