Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди плажата во местото Брум во Австралија, соопшти денеска американскиот Геолошки завод. Засега нема извештаи за евентуалните жртви или причинети материјални штети.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 33 километри.