Земјотрес ја стресе Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет воСкопје, денес 31.7.2019 година регистрира серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 150 km јужно од Скопје во соседна Албанија и потекнуваат од епицентралното подрачје Корча.


Најсилниот земјотресот во 16 часот и 21 минутисо локална Рихтерова магнитуда M L 4.4, беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Во Битола, Гевгелија иоколината земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.