Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес е регистриран денеска во 10.44 часот со епицентар во околината на Ростушe, на 85 километри југозападно од Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот имал локална магнитуда од 2.7 степени по Рихтеровата скала.
Бил почувствуван од населението во југозападните делови од земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.