Скршен од болка Душко Тошиќ доаѓа да и биде поддршка на својата сопруга Јелена Карлеуша во за неа најтешките мигови од животот.
Радиоводителката Дивна Карлеуша по борбата со тешата болест почина вчера во својот дом. Во моментот на смртта на нејзината мајка Јелена Карлеуша била на настап во Австрија, а откако ја слушнала болната вест на пејачката и се слошило.
Нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ кој се наоѓа во Кина веќе тргнал за Србија. И самиот потресен од трагичната вест веднаш тргнал на пат, за во најтешките моменти да биде покрај својата сопруга.
Дивна Карлеуша многу го ценеше и често го фалеше својот зет. Кога последен пат му го честитала роденденот, таа открила каков човек е Душко.
“Најмил мој! Душко, среќен роденден, здравје и среќа! Прекрасен човек, генијален спортист, нежен татко и сопруг, сјаен зет. Среќно уште 100 години“, напишала тогаш Дивна.