На затворска казна од 2,5 години беше осуден поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој според пресудата, требаше да врати и над еден милион евра во државниот буџет, а сега, по отслужувањето на казната, тој за првпат се огласи на социјалните мрежи.
Зеќири упати порака дека е потребно само трпение, и се ќе си дојде на вистинското место во перфектно време.
Покрај пораката, тој објави и фотографија на која насмеани позираат со неговата сопруга Бисера.
Ова е негово прво јавно огласување, откако во април 2022 година на социјалните мрежи објави отворено писмо до поранешниот премиер Димитар Ковачевски, во кое информираше дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија.
Тој тогаш порача дека верува во институциите на системот, во правичноста и правдата, и дека е уверен како вистината ќе излезе на виделина и ќе ја докаже својата невиност.
Како потсетување, тоа се случи откако беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување поради договорот со фирмата „Интерхолдинг“ за консултантски услуги за потенцијална приватизација на „Пошта“ и Железници транспорт.
Според обвинението, тој направил штета од над 57 милиони денари на државниот буџет.
Беше осуден на 2,5 години затворска казна, но исто така, беше пресудено и дека треба да врати над еден милион евра во државниот буџет.