Зибери повторно ќе биде кандидат за прв премиер Албанец?

Народниот правобранител Насер Зибери денеска во гостување во ТВ 21 вели дека можно е тој да биде кандиат за првиот Албанец премиер во Македонија. Зибери беше кандидат за премиер на ДУИ на претходните парламентарни избори.

„Да, јас бев кандидат за прв премиер Албанец. Изборите завршија, резултатот од преговорите за составување на парламентарно мнозинство и коалиција се познати така да, останува периодот за кој е договорено да биде именуван првиот премиер Албанец“, рече  Зибери во емисијата Click plus на ТВ21.

Според него со поставувањето на прв премиер Албанец се рушат табуата дека ова место е резервирано за само една етничка заедница.

„Тоа би значело надминување на таквите бариери, и создавање на амбиент во кој квалитетот, изборните резултати и визијата за иднината на земјата ќе бидат одлучувачки, а не припадноста“, порача Зибери.

Пронајдете не на следниве мрежи: