Цените на фјучерсите на гасот во Европа денес на берзата TTF во Амстердам се зголемија за шест проценти на 42,4 евра за мегават-час, што е највисоко ниво од март 2025 година.
Зголемувањето на цените следеше по падот на испораките на течен природен гас (LNG) од Соединетите Американски Држави, бидејќи зимските бури го нарушија производството и го намалија протокот на гас до американските извозни терминали, додека Европа се подготвува за нов бран на заладување, објавува „Трејдинг економикс“.
Европа е во голема мера зависна од американскиот течен природен гас (LNG) откако се откажа од снабдувањето преку руските цевководи поради војната во Украина, па затоа Европската Унија сега е поранлива на прекини во снабдувањето од САД.
Нивото на зафатеност на европските складишта за гас падна на 45,6 проценти , во споредба со 56,5 проценти пред една година, а особено ниски залихи беа регистрирани деновиве во Германија 37,5 проценти, Франција 36,4 проценти и Холандија 31,1 процент.
Цените на природниот гас во Соединетите Американски Држави денес се искачија на највисоко ниво од крајот на 2022 година, откако огромна зимска бура ја зафати земјата и ја зголеми побарувачката за енергија.
Повеќе од 822.000 американски клиенти останаа без електрична енергија, а повеќе од 12.500 летови беа откажани вчера поради бурата, пренесува CNBC.
The post Зимските бури во Америка „ја затворија славината“ на Европа! Складиштата за гас се полупразни, цената достигна рекордно ниво appeared first on Во Центар.



