За Зиjадин Села е прифатливо име со географска одредница, но не и такво кое ќе се однесува само на „Словените“. Лидерот на Алијансата на Албанците, побарал од ДУИ да свика состанок на албанските лидери и да ги информира за процесот на преговори што се водат со грчките власти, но досега, од партијата која е дел од власта нема одговор, пишува Независната балканска новинска агенција (IBNA). „Албанците имаат свои претставници во владата, но овие претставници не знаат дали се директно вклучени во овој процес и што се случува со преговорите. За нас, како опозиција, нема ништо лошо ако името на земјата вклучува некоја географска референца, но ние сме против име кое се однесува само на Словените “, вели Зијадин Села. Според политичкиот аналитичар, Ибрахим Мехмети, факт е дека албанските политички партии се маргинализирани.
„Сепак, определбата на премиерот нуди надеж дека можеби ќе имаме решение што ќе и овозможи на земјата да стане дел од НАТО, но сепак треба да почекаме и да видиме дали ќе има прифатливи решенија за Албанците“, вели Мехмети. Разговорите за решавање на спорот за името помеѓу грчката влада и македонската влада се во чувствителна фаза, бидејќи сите очекуваат одлука да се донесе пред самитот на НАТО кој ќе се одржи во јули во францускиот град Стразбур, пишува агенцијата.