Москва е рангирана на прво место меѓу најголемите градови во светот поради сообраќајниот метеж на патиштата.
Годишниот извештај на компанијата TomTom, кој го истражува индексот на сообраќајниот метеж, ја наведе Москва како апсолутен шампион во оваа категорија.
Меѓу десетте најголеми градови со премногу возила се и Истанбул, Варшава, Марсеј, Палермо, Лос Анџелес, Сиднеј, Штутгарт, Париз и Рим.
Според извештајот, возачите во Москва поради сообраќајниот метеж во просек трошат 66 отсто повеќе време отколку што навистина им е потребно, а наутро овој индикатор се издига до 106 проценти. Најголемиот сообраќаен метеж во рускиот главен град е во вечерните часови – 138 отсто.
Второпласираниот Истанбул има просечен индекс од 55 отсто, 80 проценти наутро и 125 отсто во вечерните часови.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Москва е рангирана на прво место меѓу најголемите градови во светот поради сообраќајниот метеж на патиштата.