Знаете ли дека во цигарите се додава шеќер?

Мал број се пушачите кои знаат дека во цигарите се додава шеќер, покажало новото истражување.
Истовремено малкумина се свесни дека со додавање на шеќер во цигарата се зголемува количината на токсини во димот од цигарата, пишуваат авторите на истражувањето во магазинот „Nicotine and Tobacco Research“.
Цигарите содржат природни и додадени шеќери кои ја намалуваат „горчината“ на цигарата, поради што нејзиниот дим полесно се инхалира. Но, во исто време шеќерите го зголемуваат количеството на штетни хемикалии во димот од цигарата, како и зависничкиот потенцијал, вели доктор Ендру Сиденберг.
Само 5,5 проценти знаат дека во цигарите се додава шеќер
-Голем број луѓе вклучени во истражувањата ни кажаа дека сакаат да знаат повеќе за шеќерот во цигарите. Еве можност за тоа, изјавил за Ројтерс, Сиденберг.


Тој и неговите колеги следеле 4.350 возрасни во рамки на експериментите за е-цигарите.
На крајот на експериментот лицата вклучени во студијата морале да одговорат на две прашање за додадените шеќери во цигарите: „Се додава ли шеќер во цигарите?“ и „Додавањето на шеќерите во цигарите ги зголемува токсините во димот. Дали пред почетокот на студијата некогаш сте слушнале за ваквите последици?“.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека само 5,5 проценти од лицата вклучени во истражувањето знаеле дека во цигарите се додава шеќер, а само 3,8 проценти од нив знаеле дека додадените шеќери ги зголемуваат токсините во димот од цигарите.
Сиденберг вели дека биле изненадени од резултатите.
Зошто се додаваат шеќер и мед?
Во кампањата која била организирана, докторот и неговите колеги велат дека додавањето на шеќерот и медот го прикрива горчливиот вкус, но не може да го прикрие штетното дејство.
Треба да се потсети дека никотинот кој го има во цигарите предизивикува зависност бидејќи го стимулира допаминот во мозокот на пушачите, а со тоа им се нуди привремено чувство на опуштеност и смиреност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.