Знаете ли дека можете да предвидите кога сте подготвени да ги оставите цигарите?


Пробавте да се откажете од пушење, но не ви одеше? Постои рационално објаснување зошто не сте успеале во тоа. Не затоа што престанувањето на пушењето е невозможно, туку веројатно не сте биле подготвени за тоа.

За да престанете да пушите, важно е да бидете подготвени на тоа – емоционално и ментално. Некои луѓе едноставно се поподготвени од другите. Интегративниот модел на намерна промена на однесувањето кој го развија Прохаска и ДиКлементе опишува и предвидува кога и како лицето ќе го промени своето однесување. Според овој модел, луѓето поминуваат низ пет фази во процесот на промената (предконтемплација, контемплација, подготовка, акција, одржување).

Ако како пример го земеме пушењето, во првата фаза лицето воопшто не сака да ги остави цигарите, не е ни свесно за проблемот, туку воглавно луѓето во неговата околина го забележуваат проблемот и вршат притисок за промена.

Во вториот стадиум лицето е свесно дека треба да ги остави цигарите и размислува за тоа дека ќе престане еден ден. Сега тоа навистина го сака, но ништо не презема тоа и да го направи.

Подготовката, или третата фаза, често се истакнува како најважна бидејќи ја означува пресудната точка во процесот на промената. Тоа е фаза во која човекот е подготвен да се промени и активно разработува стратегии и планови на кој начин тоа ќе го направи. Пушачите воглавно како цел го поставуваат целосното оставање на тутунските и никотински производи и/или намалувањето на штетите по здравјето.

За сите оние кои моментно не се подготвени веднаш во целост да го остават тутунот и никотинот, Американскиот колеџ на кардиолизи го истакнува и третиот тн. Среден пат – разговор за научно поткрепени алтернативни тутунски производи, кои од перспектива на здравствен ризик, претставуваат подобар избор. Се работи за производи кои не го согоруваат тутунот како цигарите, туку го загреваат и не произведуваат тутунски чад, намалувајќи го нивото и количината на штетни и потенцијално штетни материи до 95 проценти во просек, во споредба со цигарите. Овој пристап се истакнува како пожелно дополнување на стратегиите за намалување на пушењето.

Со влезот во четвртата фаза всушност почнува да го остварува својот план, додека петтиот стадиум подразбира одржување на промената и се смета дека лицето го остварило доколку не пуши една година. Конечно човекот успева да излезе од маѓепсаниот круг!

Пронајдете не на следниве мрежи: