Знаете ли кога е вистинско време за брак?

Бракот всушност не е најсреќен на почетокот, колку и тоа да ви изгледа вистинито – американските научници тврдат дека треба да поминат отприлика 20 години, за работите да си дојдат на свое место.
Во истражувањето се анализирани преку 2.000 луѓе што се во брак, па така заклучиле дека задоволството кај брачниот пар, во првите 20 години се намалува, а потоа се стабилизира и почнува да се зголемува.
„Иако разводот денес е многу честа појава, половина од браковите траат засекогаш. Долгорочната прогноза за таквите бракови е оптимистична, бидејќи нивото на среќата и задоволството стануваат сè поголеми, а незадоволството се намалува“, изјавил еден од водачите на студијата на Универзитетот Пенсилванија, Пол Амато.


Сер Пол Колерид, од Фондацијата за брак, вели: „Луѓето сакаат стабилен и задоволителен моногамен однос. Ако ги надминат сите предизвици со кои што се соочуваат низ животот, можат да го постигнат тој однос“.
Причината за ова зголемено ниво на брачната среќа, лежи во фактот дека партнерите после толку многу години наоѓаат подлабоки нивоа на приврзаност, што води до поголемо уживање во друштво на својата друга половина.
Најверојатно, тајната за успешен брак е да бидете трпеливи со вашиот животен партнер, бидејќи тоа на крајот се исплати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.