Дури и ако ги обожувате топлите денови, веројатно нималку не сакате такви ноќи.
Квалитетно да се наспиете е тешко преку летото и тоа е благодарение на превисоките температури, па не е ни чудно што повеќето бараат спас во вклучените вентилатори, клими или отварање на сите прозори во куќата.
Но, која температура всушност е идеална за постигнување квалитетен сон?
Кристофер Сан, основачот и извршен директор на „My Sheets Rock“, смета дека вашата спална соба треба да биде помеѓу 15 и 19 степени Целзиусови, за да бидете сигурни дека ќе се разбудите одморени, пренесува „The Sun“.
Ако температурата во вашата соба е поголема од препорачаната, поголема е веројатноста дека преку ноќта ќе се вртите во креветот и ќе се борите со несоница.
Сепак, ако никако не успевате да ја разладите собата на таа температура, можеби проблемот е во вашиот душек. Имено, докажано е дека луѓето повеќе се потат ако спијат на душек изработен од мемори пена, бидејќи тој го загрева креветот.
Со тоа е согласен и Бил Фиш, експертот за спиење, кој тврди дека преку топлите месеци мемори пената во тие душеци може да ја “зароби“ телесната топлина, поради што уште повеќе ќе се потите преку ноќта.