Иако многу луѓе сметаат дека бањата е највалканото место во вашиот дом, експертите сепак тврдат дека постои едно парче мебел што може да биде многу повалкано.
Според новото истражување спроведено во Велика Британија, на каучот се акумулира огромно количество бактерии, габи и мувла, што може да претставува ризик по здравјето, особено ако во вашиот дом живеат домашни миленици, пишува Дејли Меил.
Иако троседот секојдневно се користи за одмор, дружење и дремење, малкумина размислуваат да го исчистат на ист начин како што ја чистат постелнината.
Имено, преку истражување, научниците анализирале шест софи од различни домаќинства во Велика Британија и откриле дека во просек содржат повеќе од 500 илјади бактерии на површина од 100 сантиметри. За споредба, тоалетната школка имала само околу 6.800 бактерии на истата површина. Најзастапени беа аеробните мезофилни бактерии, кои претежно се наоѓаат во остатоците од храна и мртвите клетки на кожата.
Покрај каучите, експертите тестирале и голем број други предмети за домаќинството кои луѓето често ги допираат. Имено, на бирото имало околу 5.900 бактерии, на компјутерот 5.800. Сепак, ниту еден од овие предмети не беше блиску до достигнување на нивото на контаминација пронајдено на просечниот кауч.
Дополнително, истражувањето покажа изненадувачки резултати за сопствениците на домашни миленици. Имено, најголема концентрација на бактерии е пронајдена на каучот во куќата со две мачки, 2,7 милиони бактериски колонии на споменатата површина. Станува збор за бактерија која вообичаено се наоѓа во човековите црева и се пренесува преку измет, а доколку влезе во организмот може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Најчистиот кауч во студијата му припаѓал на пар со мало дете. Покрај бактерии, на каучите биле пронајдени и габи и мувла.
Експертите предупредуваат дека многу луѓе често го занемаруваат редовното чистење на софата, поради што се препорачува секојдневно да се брише површината за да се спречи таложење на нечистотија. За подлабоко чистење се препорачува употреба на сода бикарбона.


