ЗНАМ има само епизодна улога во политиката, велат од СДСМ

ЗНАМ живее во сопствена илузија дека е голем политички фактор, а всушност има само епизодна улога на колаборант за носење на Мицкоски и ДПМНЕ на власт, велат од СДСМ, откако денеска портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов кажа дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, бележи зголемен интерес за нови членства, и го охрабри разочараното членство на СДСМ да премине во движењето.

„Дрско манипулираа со асномската идеологија за евтиното ветување дека Максим Димитриевски ќе добие уште еден градоначалнички мандат во Куманово.

Се уште не разбираат дека се целосно невидливи. Нивните министри се уште немаат добиено ниту дозвола да зборуваат во јавност за нивните ресори.

Нивните обиди за создавање раздор во СДСМ е криење на реалноста. Се повеќе нивни луѓе доаѓаат во матичната партија да изразуваат искрено каење што дозволиле да бидат изманипулирани за лични интереси на малкумина околу Максим.“, истакнуваат од опозициската партија.

Им порачуваат, да бидат внимателни во пораките за да не си ги затвораат вратите на кои брзо ќе сакаат да тропнат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.