Знаци кои откриваат дека имунитетот ви е загрозен

Нашиот имун систем е армија клетки кои се борат против бактерии и вируси за да бидеме здрави. Но, многу фактори можат да го загрозат имунитетот, како стрес, недостаток на сон, одредени лекови и некои болести. Кога ќе се случи тоа, телото знае што да прави.
Кога имуниот систем се бори против нешто и кога е загрозен, испраќа различни сигнали. Ова се некои од нив:
1. Постојано сте уморни
Заморот е чест симптом на некои автоимуни болести, каде поради нарушување во функционирањето имуниот систем напаѓа здрави ткива и органи. Автоимуните состојби се предизвикани од премногу активен имун систем кој гледа закана и таму каде што ја нема.
Заморот, без некоја причина, како вирус, настинка или недостаток на сон, па дури и премногу работа, може да биде сигнал дека имунитетот се мачи да одговори на заканата.


2. Инфекции кои повторно се јавуваат
Никако да се ослободите од некоја габична инфекција? Или постојано ви се појавува херпес? Хроничните инфекции се почести кај луѓе кои имаат нарушувања, бидејќи телото не може да се ослободи од бактерии или вирални предизвикувачи на инфекции. Поради тоа инфекцијата повторно се враќа.
3. Појава на нови алерги
Ова особено може да биде случај кај луѓето кои имаат вродено нарушување во работата на имуниот систем.
„Имуниот систем мора да знае како да престане да се бори против некои инфекции и кога да сфати дека тоа воопшто не е инфекција. Затоа, ако еден дел од имуниот систем не работи како што треба во борбата против инфекции можно е да не го спречи другиот дел од имуниот систем. Ако вашиот имуни систем е здрав, но моментално е загрозен тоа може да ги намали алергиските реакции, а ослабените алергиски реакции исто така можат да бидат знак на ослабен имун систем. На пример, ако на пролет имате реакција на полен, на кој сте инаку алергични, а често сте настинати, тоа е знак дека вашиот имунитет не е баш во најдобра состојба“, вели д-р Ентони Веидо.


4. Црвена кожа која предизвикува чешање
Кожата е една од првите одбранбени линии кога патогените се обидуваат да влезат во телото. Ако кожата одеднаш ви стане црвена и почне да ве чеша, а не станува збор за осип, дерматитис, алергиска реакција и слично, можно е кожата да реагира на закани во опкружувањето.
Тоа може да биде и симптом на хиперсензитивност кога телото развива нови алергиски реакции на нешто. Во тој случај имуниот систем се мачи да разликува што е заканата и реагира на целосно безбедни супстанци како на закана. Крајниот резултат е воспалена кожа и црвенило, објаснува д-р Ана Фелдвег.
5. Рацете побелуваат на студено време
Проблемите со циркулацијата можат да бидат поврзани со дисфункција на имуниот систем. Ако рацете ви побелат на студено тоа значи дека нема доволно проток на крвта, а тоа може да се поврзе со одредени состојби и нарушувања на имуниот систем.
Претераната чувствителност на студенило може да се манифестира и на носот, ушите, прстите. Се нарекува Рејнов феномен, а може да биде сигнал за некои автоимуни заболувања како лупус или нарушена функција на тироидната жлезда.
Доколку имате некои од овие симптоми паметно е да одите на доктор и да проверите што е тоа што го спречува вашиот имун систем да работи како што треба.
Во меѓувреме, може да го подобрите имунитетот со здрава исхрана, физичка активност, спиење, редовно миење на рацете и одржување лична хигиена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.