ЗНАЦИ КОИ УКАЖУВААТ НА ТОА ДЕКА СТЕ ПОД ПОГОЛЕМ СТРЕС ОКОЛКУ ШТО МИСЛИТЕ Внимавајте на овие физички симптоми

Ве иритираат околности кои би требало да ве радуваат

Доколку работите кои претходно ве радувале сега ве иритираат, значи дека стресот почнал да се одразува и на позитивните аспекти од животот.

ЗНАЦИ КОИ УКАЖУВААТ НА ТОА ДЕКА СТЕ ПОД ПОГОЛЕМ СТРЕС ОКОЛКУ ШТО МИСЛИТЕ Внимавајте на овие физички симптоми

Стресот е причина за многу проблеми, особено кога е скриен. Токму затоа обидете се да ги препознаете симптомите кои укажуваат дека сте под поголем стрес отколку што мислите.

Се чувствувате како да мора да држите се под контрола

Свесно или несвесно, но неочекуваниот бран во кој перфекционизмот е во центарот на вниманието, говори дека всушност се обидувате да се изборите со стресот, односно, да го контролирате по секоја цена.

Имате помалку толеранција за луѓето од вообичаено

Фрустрацијата создадена среде стрес се одразува и на меѓучовечките односи. Толеранцијата се губи, поради што побурно реагирате на однесувањето на другите луѓе, а кое претходно ви било сосема прифатливо.

Постојано сте вознемирени

Во случај да не можете да издржите на едно место, значи дека сте прилично нервозни. Тоа е така затоа што во позадина тлее стресот. Тој се претвора во потреба постојано нешто да се случува, што може да доведе до психофизичка исцрпенсот.

Не може да се фокусирате

Ако се вртите во маѓепсан круг во кој постојано имате подолг список на обврски, но кога сакате да ги реализирате ве фаќа паника, значи дека сте под стрес. Последица од тоа е неможноста во целост да се фокусирате.

Вашите одговори се сведуваат на „да“ и „не“

Стресот доведува до тоа да се губи границата, па и моќта на логично расудување. Тоа потоа прави да се чувствувате како робот и лесно да давате одговори на прашањата. Во тие моменти полесно паѓа општ одговор отколку промислен.

Паѓате во емотивно прејадување

Да се почестиш со сладолед од време на време е супер, но ако забележите дека посегнувате по храна секој пат кога сте во емоционална криза, значи дека зад тоа стои посериозен проблем.

Имате проблеми со кожата

Начинот на кој размислувате и како се чувствувате знае да се одрази и на надворешниот изглед. За тоа постои и едноставно однесување. Со стресот доаѓа до дисбаланс на хормоните, а тие се одговорни за кожата.

Шкрипење со забите

Звучи морничаво, но доколку се фатите себеси како шкрипете со забите тоа значи дека ве мачи сериозна анксиозност. Оваа активност може да доведе до болка во главата, па гледајте што побрзо да се ослободите од неа.

Го задржувате здивот

Обрнете внимание на дишењето, бидејќи стресот знае да ги грчи мускулите што доведува до рефлекс во кој се задржува здивот. Ова е само уште еден индикатор кој говори за моменталната состојба на умот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.