Знаци кои упатуваат дека треба да намалите со лебот

Ако забележите некои од овие симптоми кај вас, тоа значи дека е време за промена во исхраната.
1. Зголемување на тежината
Ако добивате повеќе килограми, можеби е време да го намалите консумирањето леб, особено белиот леб. Според студија од 2014 година објавена во BMC Public Health, јадењето две или повеќе парчиња бел леб на ден е поврзано со ризикот од прекумерна телесна тежина.
Ако сакате да намалите со килограмите, избегнувајте бел леб.
2. Висок крвен притисок
Без разлика дали со години имате хипертензија или неодамна сте откриле дека крвниот притисок ви е зголемен, исфрлете го лебот од исхраната. Тоа е можеби најлесниот начин да го вратите притисокот во нормала.
Студија од 2018 година, објавена во Nutrients, откри дека консумирањето на само една парче бел леб еднаш или повеќе пати неделно е поврзано со зголемен крвен притисок.
3. Шеќер во крвта
Ако имате проблеми со дијабетес, размислете за тоа да престанете со јадење леб или барем да го намалите лебот. Внимавајте во изборот на леб, бидејќи повеќето содржат рафинирани шеќери.
Американското здружение за дијабетес на луѓето со дијабетес им препорачува леб од цело зрно жито.
4. Осип
Осипот упатува на дерматолошки проблеми, може да биде знак дека јадете премногу леб. Според американскиот Национален институт за дијабетес и дигестивни и бубрежни болести, приближно 10 проценти од луѓето со целијакија ќе развијат дерматитис херпетифомис. Обично се карактеризира со осип на грбот, задникот, лактите, колената, пишува Eat This, Not That.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.