Зоки Кичеец од болница вратен во затвор

Зоран Милевски – Кичеец, осомничениот во аферата “Рекет “ откако вчера попладне од притворот во Шутка бил однесен на преглед во приватна скопска клиника повторно бил вратен во затворот.
Иако на Милевски му следува бесплатен лекарски преглед во јавна здравствена установа, тој на негово барање бил однесен во приватната клиника и самиот ги платил трошоците за прегледот, како и за трансферот, јавува ТВ “Канал5“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.