Зоран Милески-Кичеец побарал одложување на отслужувањето на казната

За осудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески-Кичеец Кривичниот суд за Канал 5 информираше дека осудениот во случајот Рекет побарал одложување на отслужувањето на казната кој судот треба да го одобри или отфрли.Денеска се очекуваше Милески да влезе во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, каде што требаше да се јави на издржување на затворската казна,три години за случајот „Рекет“. Неговиот упатен акт од Основниот кривичен суд во Скопје беше со вчерашен датум .
Кичеец вчера за медиумите изјави дека ќе се пријави во затворот во Шуто Оризари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.