Алуминиуската фолија е повеќенаменска алатка во кујната. Често се користи при печењето храна, за чување остатоци од оброци, но исто така може да се најде во домаќинството и како помошно средство за чистење. Она што е интересно кај оваа фолија е тоа што има две различни страни – една мат, а друга блескава.
За да се разбере оваа разлика важно е да се знае како се произведува алуминиумската фолија. Во последната фаза од производството, двата слоја од фолијата истовремено минуваат низ ваљак. Страната што доаѓа во допир со високо полираниот челичен ваљак станува блкескава, додека другата страна останува мат. Оваа карактеристрика не влијае на основните перформанси на фолијата, но за многумина стана предмет на љубопитност и размислување.
Што се однесува на користењето во кујната и домаќинството, нема цврсти правила за тоа на која страна треба да се заврти. И мат и блескавата страна ќе си ја завршат работата за повеќето секојдневни ситуации. Меѓутоа, некои произведувачи на нелеплива алуминиумска фолија истакнуваат дека максимална ефикасност се постигнува кога храната е поставена на мат страната и замотана во неа.
На крајот на краиштата, изборот на страна на фолијата зависи од преференциите и навиките на секој поединец. Без обѕир на тоа која страна ја користите, алуминиумската фолија останува корисно средство во кујната и домаќинството, помагајќи во подготвувањето и чувањето храна на ефикасен начин.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.