Северот на САД е замрзнат поради поларните температури и ветрови кои доаѓаат од Арктикот. Исто така, најавен и е студен бран кој ќе ја зафати Европа.
Поради тоа се поставува прашањето како ќе минеме ние во таа “поделба на минусите”.
Исто така, иако светот се смее на Твитот на американскиот претседател кој за поларните температури го обвинил глобалното затоплување, случувањата во САД каде на средниот запад температурите изнесуваат минус 50 степени, наметнуваат некои важни прашања.
Најпрво, како што пишува хрватскиот портал “Index.hr”, првото прашање е зошто се бележат такви студени рекорди ако светот глобално се загрева и ако зимски минуси има се помалку? Второ, посебно е интересно е дали може таквите екстремни студови да зачестат и во нашиот регион.
Над Земјините полови, како северниот, така и јужниот, во повисоките делови на атмосферата, во тропосферата и стратосферата, се наоѓаат постојани подрачја на низок притисок на воздухот кои се нарекуваат поларни вортекси, односно вртлози.
Во тие вортекси, поради ротацијата на Земјата, воздухот кружи во насока од запад кон исток.
Кога зборуваме за северната хемисфера, под северниот вортекс се наоѓа маса на студен, густ, арктички воздух. Местото на средба на студени поларни суви маси на воздухот со топли и повлажни, во близина на екваторот, се нарекува поларен фронт и приближно се протега на околу 60º географска ширина, што значи некаде над Скандинавскиот полуостров.
Поларниот вортекс, чија сила зависи од големината на разликите во температурите на половите и на екваторот, обично засилува во зима, а слабее во лето, бидејќи во зима разликите се поголеми, а на лето помали. Но, со климатските промени Северниот пол забрзано се загрева, побрзо од остатокот од светот.
Причина за тоа е фактот дека секоја година белата површина на лед која ја рефлектира сончевата светлина се повеќе се намалува, а површината на морето кое го впива сонцето се зголемува. Така се создава повратна спрега на топење на мразот и загревање.
Ваквото забрзано загревање на Северниот пол доведува до намалување на разликите во температурите меѓу поларните и тропските краеви, а со тоа и до намалување на разликите во притисоците. Поради тоа слабеење, слабее и поларниот вртлог кој функционира како своевиден ѕид кој спречува продори на студен воздух од југот. Тој е се почест и се повеќе се искривува, како што се криват реките, а повремено доаѓа и до негово распаѓање, во главно на два дела.
Ваквите ситуации обично навестуваат нагло растење на температурите во стратосферата над Северниот пол на висина меѓу 20 и 30 километри. По распаѓањето, еден дел од вртлогот и ледените маси на арктичкиот воздух обично патува кон Канада, а другиот кон Евроазија.
На високи географски ширини, на кои се наоѓаат Скандинавија и Канада, во такви околности доаѓа до засилување на антициклонот, односно високиот воздушен притисок, што во случајот на Европа овозможува создавање на прооден пат за продор на студен воздух од Сибир кон југ. Овој ефект посебно се засилува ако е потпомогнат од циклони, односно низок воздушен притисок на подрачјето на Средоземјето.
⛴ An ice breaking ship clears a path through the Chicago River #PolarVortex2019 pic.twitter.com/cJVGmezuH1
— TicToc by Bloomberg (@tictoc) January 31, 2019
Што го чека регионот?
Сите со право се прашуваат, може ли и Европа, односно нашиот регион, да биде зафатен од такви поларни температури, а “Index.hr” пишува дека одговорот е потврден.
Европа последните децении во главно била пооштетена од големите продори на поларните вртлози, кои во зима често минувале низ северот на САД. Меѓутоа, анализата на метеоролошките податоци низ последните три децении покажува дека зимскиот поларен вртлог се повеќе се сели на исток – од северозападот на САД, кон североистокот на САД и понатаму кон Евроазија.
За што станува збор? Во суштина, на Земјиниот пол постојат два поларни вртлози – еден во стратосферата на висина од околу 20.000 метри и другиот во тропосферата на висина меѓу 5.500 и 9.000 метри. Кога метеоролозите зборуваат за поларниот вртлог, обично мислат на овој понискиот, во тропосферата.
Меѓутоа, истражување од 2016-та година посветило големо внимание на стратосферскиот вртлог, кој може да има поголемо, иако посуптилно влијание на временските прилики на средни географски ширини.
Метеоролошки, податоците користени во анализата покажале дека тој вртлог последните 30 години слабее и патува кон истокот. Неговото слабеење значи дека може да повеќе да закривува и да се отцепи од поларните краеви и да се спушти длабоко кон југот, што може да се случи дури кон крајот на зимата.
Истражувањето исто така утврдило дека постои некоја блиска поврзаност меѓу намалувањето на арктичките површини под мразот и поместувањето на вортексот, но засега не може подетално да се разјасни кој механизам би можел да биде одговорен за тоа.