Зошто Бајден ја избра Камала Харис за потпретседател: За прв пат жена афроамериканка на таа позиција

Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден го избра сенаторот од Калифорнија Камала Харис за заменик претседател, за прв пат во историјата на тоа место афроамериканка е номинирана, но аналитичарите велат дека има повеќе во таа приказна.

Си-Ен-Ен пишува дека доколку сакаат Бајден да биде избран, а особено да го порази американскиот претседател Доналд Трамп по секоја цена, Харис е единствената личност која може да го доведе до таа цел, затоа што секој друг кандидат зад себе имал голем „товар“. 

Харис, која исто така се кандидираше за претседател, излезе од таа трка релативно неповредена и е најдобриот кандидат за трката на Бајден.

Со изборот на Харис, тој покажа дека не раскажува само празни приказни и дека е подготвен да се бори против расизмот, туку и дека видел дека Харис има можност да добие умерени, независни гласачи, дури и десничари.

Друга причина за изборот на Харис покажува дека Бајден е подготвен да ги слуша оние што не се согласуваат или се против него, затоа што, таа честопати се спротивставуваше на некои од неговите ставови. 

– Бајден покажа дека луѓето околу него не треба да се плашат да зборуваат и дека поради тоа нема да бидат фрлени под автобусот или да бидат избркани.

Трета причина е тоа што е очигледно дека Харис ќе биде добра во дебатите со кандидатот на Трамп, Мајк Пенс, затоа што порано се покажа дека има навистина такви способности.

Четврта причина е тоа што изборот на Харис е показател за добро водена кампања.

За разлика од претходните кампањи, номинација за Харис не излезе во јавноста пред официјалното соопштение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.