ЗОШТО БЕШЕ ПУТИН САМ? Рускиот претседател првпат по многу години го прослави Божиќ во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин донесе крајно необична одлука – наместо да им се придружи на другите верници во јавната прослава на Божиќ, тој на божиќната богослужба во катедралата Благовештение во Кремљ дојде сосема сам.

ЗОШТО БЕШЕ ПУТИН САМ? Рускиот претседател првпат по многу години го прослави Божиќ во Москва

Се чини дека ова е прв пат по многу години Путин да го прослави Божиќ во Москва, а не во регионот околу главниот град.

По правило, Путин го слави Божиќ надвор од Москва, додека на Велигден обично оди во катедралата Христос Спасител.

Државната телевизија прикажа две снимки во живо од него во позлатената катедрала на Благовештението додека православните свештеници ја водат полноќната служба.

Рускиот претседател во сина јакна и бела ролна беше единствениот верник во храмот, како што може да се заклучи од фотографиите.

Засега не е познато зошто Путин бил сам во храмот, ниту пак Кремљ објави нешто за тоа

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.