Претседателот на АБК, Рамуш Харадинај му порача на косовскиот премиер Аљбин Курти да престане со избрзаните одлуки и обидите за „окупација на северот“ и да закаже избори за градоначалници.
Харадинај во објава на Фејсбук го праша Курти зошто се брза да носи нови одлуки.
Зошто брзаш Аљбине Курти со сите планови, работи и дејствија што ги правиш, дали пробуваш фиктивни избори на север, дали итно поставуваш министри, дали си на спротивната маса… И секогаш се повлекуваш како вчера, а денес Косово го правиш губитник? Дали сепак сакате да му се заканите на северот? Или си неук и немаш кој да те научи? Престанете, затоа што оваа земја и овој народ ќе ја земете за врат – рече Харадинај.