Виршлите се еден од најчестите избори за брз појадок или вечера. Сепак, дали некогаш сте се запрашале дали начинот на кој ги готвиме е навистина добар?
Имено, експертите велат дека виршлите не треба да се варат во вода, како да се јајца. Многумина од нас кога се брзаат не ги пржат виршлите за да добијат кора, туку само ги ставаме во тенџере со вода и ги оставаме да се варат неколку минути. Но, тоа е огромна грешка.
Во повеќето случаи виршлите се полуготов производ, кој треба само да се загрее или термички да се обработи до саканата текстура – како на пример, крцкава кора кога ќе ги испржите во тава. Но, ако ги натопите во вода како јајца, виршлите ќе апсорбираат изненадувачки голема количина од таа вода. И додека ја апсорбираат, ги ослободуваат сите вкусови од себе во остатокот од водата во тенџерето.
А бидејќи често ги готвиме кога брзаме и правиме куп други работи, ги оставаме предолго во вода и потоа добиваме блуткави, безвкусни виршли полни со вода.
Постои одличен трик – ставете тенџере до половина наполнето со вода да се загрее, а на него ставете цедалка. Врз неа наредете ги виршлите и поклопете. Виршлите ќе се готват на пареата и нема да впијат вода. Ќе бидат топли и повкусни од вообичаено.