Дали некогаш сте се зачудиле кога на масата во ресторан или кафана ќе ви донесат порција леб, пред да ви пристигне храната која сте ја нарачале?
Готвачот Рас Адамс од Вашингтон објасни дека не се работи за случајност или фин гест без позадина.
Тој вели дека лебот и печивата кои се послужуваат како предјадење имаат повеќе намени.
Прво, поентата е да ожедните. Жедните луѓе нарачуваат повеќе пијалаци од очекуваното.
Второ, лебот или печивото во каков и да е облик, ја поттикнува работата на желудникот, односно ви отвора апетит и ве прави уште погладни.
Третата причина е малку да ги растеретите келнерите додека тие ви го подготвуваат она што сте го порачале.
На последно место е надежта дека ќе оставите бакшиш плус, со оглед на тоа што сте добиле нешто „гратис.“