Зошто во Сирија секојдневно објавуваат информации за уништени тенкови Т-90?

Општо познато е дека „ловците на тенкови“, кои дејствуваат во рамките на протурските бунтовнички сили во Сирија, добиваат специјални бонуси за нанесување што поголеми загуби на оклопно-механизираните единици на сириската регуларна армија. Притоа, тие на своите надредени од чисто лукративни причини лажно пријавуваат уништување на најсовремената борбена техника што се наоѓа во редовите на САА. Тие многу често знаат онеспособувањето на стари основни борбени тенкови Т-55/Т-62 да го пријават како Т-90, затоа што за нивно уништување следува сериозна награда во вид на голема количина зелени банкноти.

Рускиот основен борбен тенк Т-90 претставува орудие кое во текот на својата борбена експлоатација во Сирија стекна речиси митски својства. Ова посебно се однесува на бројните екстремистички групации кои со години војуваат против официјален Дамаск. Сириската армија (особено тоа се однесува на единиците на 25 дивизија за специјална намена „Тигри“) која во својот состав ги поседува овие тенкови, бележи константни успеси на терен. Благодарение на големата огнена моќ, но и мошне силната оклопна заштита, Т-90 претставува многу сложена цел за уништување. Притоа непријателот ги користи сите расположливи средства во својот арсенал за да уништи тенкови од овој тип. Буквално сите цевки се свртени кои Т-90 – од рачни ракетни фрлачи и наведувани противтенковски системи од разни производители, па сé до организација на самоубиствени напади, пишува Mars.online.

За да дополнително ги мотивираат своите единици („ловците на тенкови“) кои изведуваат активни борбени дејствија на теренот, формиран е посебен фонд од кој се доделуваат парични бонуси за секој уништен тенк. Убедливо најголеми средства се исплатуваат ако се онеспособи современ руски тенк Т-90. Меѓутоа, во последно време на овој план се присутни разни злоупотреби кои ја рушат легендата за наводната непоткупливост на екстремистите.

Препредените борци на теренот се свесни дека командирите или лицата кои ги поседуваат овие парични средства многу често немаат елементарно познавање кога е во прашање распознавањето на оклопната борбена техника. На групите кои масно ги наплаќаат своите „подвизи“ им оди на рака и тоа што повеќето тенкови се дополнително модернизирани, така што на нив е поставен дополнителен слој оклоп и бочни противкумулативни решетки, што според надворешните контури ги приближува до помодерните типови (како што се Т-72 и Т-90).

Основните докази за своите тврдења припадниците на овие групи се обидуваат да ги поткрепат со разни видеоклипови. На повеќето од тие снимки се гледа дејство на наведувани противтенковски ракети врз цели што се наоѓаат на големи далечини. Ова често знае да создаде проблем кај неупатените луѓе (во овој случај командирот кој ги дели паричните награди) во распознавањето на овие тенкови. Доволно е тенкот да биде малку модернизиран и да му се промени основниот надворешен изглед, па да „помине приказната“ дека се работи за руски тенк Т-90, кој претставува главен трофеј.

Специјализираните воени портали реагираа на вистинската поплава со информации од бунтовничките извори, кои деновиве доаѓаат од провинцијата Идлиб, така што претставија плакат на кој се наоѓаат разни модели на тенкови кои ги користи сириската војска. Овој плакат претставува проекција на голем број екстремисти, во смисла, како тие ги гледаат противничките тенкови. Значи, без оглед дали се работи за тенкови Т-55, Т-62 или Т-72, сите овие модели за нив го претставуваат „фамозниот“ Т-90.

Т-90С претставува извозна варијанта на основната верзија на тенкот Т-90. Овој тенк е наменет исклучиво за извоз. Се одликува со силно вооружување, современ систем за управување со огнот, сигурна оклопна заштита и високо ниво на подвижност. Тенкот ги поседува сите карактеристики кои му овозможуваат многу ефикасно да се бори во сложени временски услови, без оглед на добата на денот (ден/ноќ). Посебно е опасен во борба против противнички тенкови, самоодни орудија и целокупниот спектар различни оклопни борбени возила.

Рускиот основен борбен тенк Т-90С во моментов е една од најраспространетите современи борбени машини на светот. Според различни извори, денес во оперативното вооружување на осум држави (не сметајќи ја Русија) има повеќе од 1700 тенкови од овој тип. Неговата успешна борбена експлоатација во Сирија го крена рејтингот на овој тенк, кој претставува орудие што е силни ценето во светот и каде сé повеќе армии го сака во своите редови.

Извор: Тенкови во Сирија

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.