Зошто гоџи бобинките се сметаат за најздраво овошје во светот?

Гоџи бобинките се суперхрана и од нив се прави чај, супа и други разновидни рецепти. За што сè помагаат?
Моќта на гоџи бобинките е искористена во традиционалната кинеска медицина. За Кинезите, гоџи бобинките се и лековита билка, а бобинките се полни со витамин Ц, антиоксиданти, аминокиселини и определени минерали.
Во порција од 28 грама гоџи бобинки има 98 калории, 21 г јаглехидрати, 4 г протеини, 291 мг масти, витамини Б6, Б12, Ц, А и рибофлавин како и селен, калциум, цинк, бакар. Гоџи бобинките се одличен извор на аминокиселини.


Освен наведените состојки, богати се со антиоксиданси од кои се издвојуваат бета каротен и зеаксантин кој има важна улога за заштита на очите.
Во традиционалната кинеска медицина се користат за заштита на црниот дроб, подобрување на циркулацијата и видот, за заштита на кожата од УВ зрачење како и за превенција од рак.
Се препорачува да ги користат и луѓето кои имаат дијабетес, висок крвен притисок, грозница, маларија, проблеми со циркулацијата, вртоглавица и зуење во ушите.
Одлични за диета
Иако консумирањето на гоџи бобинките нема директно да влијае на слабеењето, тие содржат голема количина на растителни влакна кои ја поттикнуваат работата на цревата и го подобруваат варењето.
Исто така се одлични за ужинка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.