Зошто да ставите лист од ловор во машината за перење алишта?

Бројните трикови како спас во домот секогаш се неисцрпна тема која многумина ги мачи, а доколку и вие сте од оние што имаат голем проблем со перењето алишта плашејќи се да не ги офарбате, ова дефинитивно ќе ви помогне.

Веројатно ни на крај памет не ви паднало да ставите ловоров лист во машината за перење алишта. Тој нема ниту ефект на омекнувач, ниту пак ќе остави некаков мирис. Но, ќе ја зачува бојата на облеката, или ќе ја врати ако избледнела при претходните перења.
Ловоровиот лист можете да го ставите директно во машината, но многу подобар ефект ќе добиете ако алиштата ги натопите во леген наполнет со вода.
Можете да употребите и до 10 листови од ловор, сѐ зависи од тоа колку алишта имате за перење, а најпрво листовите сварете ги во вода. Кога водата ќе се излади, во истата потопете ги алиштата и оставете неколку часа да отстојат. Можете неколку пати да ги промешувате со рака, а потоа добро исцедете ги и ставете ги во машината.

Овој трик со ловор најдобро успева кај белите алишта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.