Зошто детето на Меган и Хари нема да биде принц или принцеза?

Кенсингтонската палата утрово ја потврди веста дека принцот Хари и Меган Маркл на пролет за првпат ќе станат родители. Веќе се шпекулира околу името и полот на бебето, но и околу титулата што детето ќе ја добие.
Бебето ќе биде седмо по ред за британскиот престол, нема да се роди како принц или принцеза. Според правилото воведено од кралицата Елизабета, принцови и принцези се децата и внуците на монархот, односно децата на најстариот принц на Велс. Во овој случај тоа е принцот Чарлс. Правилото е воведено во 1960 година и единствено ќерките и синовите на најстариот син на принцот од Велс ја добиваат таа титула, додека останатите ја немаат 
Синот на Меган и Хари може да ја добие титулата гроф или лорд, додека ако е девојче ќе биде лејди. Бебето може да се роди како принц или принцеза ако кралицата во последен час го промени правилото или ако почине до раѓање на детето и Чарлс

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.