Зошто децата го копираат однесувањето на родителите? И како да бидете добро влијание за нив?

Децата се мали набљудувачи, кои обрнуваат толку многу внимание на најблиските што најчесто можете да го препознаете однесувањето на нивните родители кај нив. Малите деца немаат формирана личност, па затоа и во околината го бараат својот модел на однесување. Овој феномен во психологијата е познат како учење по модел. Учењето по модел е облик на учење каде што детето набљудува одреден модел, и усвојува дел од неговите ставови и облици на однесување. Малите деца едноставно учат по пат на набљудување и имитирање.

Со оглед на тоа што со родителите поминуваат најмногу време, затоа и од нив најмногу учат. Набљудувањето на своите родители кај децата воведува создавање навики, позитивни и негативни. Затоа е многу важно да се развие свест за ова, со цел на време да им се даде соодветен пример, и да се насочат на правилниот пат уште од мали нозе. Едно истражување покажало дека повеќе од 40% од нештата на коишто секојдневно работиме се дел од нашите навики, па затоа и несвесно ги извршуваме. Затоа е многу важно да се научат децата на здрави и корисни навики, кои ќе им бидат од голема помош во понатамошниот живот. 40% е навистина голема бројка за да се остави на случајноста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.