Зошто е важно да вежбате во бременоста?

Во текот на бременоста е речиси невозможно да се контролираат мачнините, гадењето од храна или точниот момент кога ќе почне породувањето, освен ако не се породувате индуцирано или со царски рез.
Она што можете да го контролирате е колку здраво и силно ќе биде вашето тело, односно колку ќе вежбате во текот на бременоста, а најновите истражувања покажуваат дека токму со вежбање можете да го намалите ризикот од компликации за барем 25%.
Научниците од Универзитетот во Алберта дојдоа до заклучок дека вежбањето ги намалува шансите за развој на трудничка депресија за 25%, а ризикот од дијабетес, гестациска хипертензија и прееклампсија се намалуваат и за 40%.


„Овие резултати ќе ја сменат праксата“, вели Меги Давенпорт, авторка на истражувањето.
Препораката е да вежбате 150 минути неделно за да го намалите ризикот од компликации во бременоста, а се препорачуваат активности како одење, пливање, вежби со отпор, јога и возење статичен велосипед.
„Сите бремени жени кои немаат здравствени компликации треба да бидат што е можно поактивни во текот на бременоста“, нагласува Давенпорт и додава дека физичката активност не придонесува за предвремено породување или спонтан абортус, ако сѐ друго е во ред со трудницата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.