Зошто е важно како го сечкате зеленчукот?

Во процесот на подготовка на зеленчукот во кујната, сè е важно, од миење до сечкање. Иако обично ги правите овие постапки автоматски и на ист начин, можеби е време да проверите дали ги правите на вистински начин.
Зошто е важно како го сечкате зеленчукот?
Миење
Миењето пред сечкањето или лупењето е многу важно, не само затоа што ги отстранува нечистотијата и штетните бактерии што се наоѓаат во кората, туку и за да ги зачува сите витамини што се разградуваат во вода. Ако го миете зеленчукот само по сечкањето или по лупењето, ќе изгубите поголем дел од овие витамини.
Тап нож
Многубројни истражувања покажуваат дека зеленчукот се оштетува ако го сечкате со тап нож. На тој начин се губат електролитите и калциумот, а храната добива лош мирис.
Лупење
Обидете се да ја излупите кората колку што е можно потенко, бидејќи на тој начин ќе се зачуваат најмногу хранливи материи. Интересно е што некои истражувања покажуваат дека постојат разлики помеѓу морковот што го лупите рачно дома и морковот што се лупи во фабрика. Штетните бактерии како што е ешерихија коли се помалку присутни во зеленчукот што се лупи рачно.
Сечкање
Иако изгледа поубаво, сечкањето на мали парчиња не е добро и на тој начин се губи голема количина хранливи материи. Ситно сечканиот зеленчук се расипува побрзо и ги губи влажноста и природниот изглед. Препорачливо е да го сечете зеленчукот на поголеми парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.