Зошто е добро да се јаде лубеница?

Ништо толку совршено не може да ве освежи во пеколен летен ден, како добро изладено парче лубеница. Иако многумина сметаат дека лубеницата е овошје, таа е всушност зеленчук близок до краставицата, тиквата и дињата, бидејќи влегува во истото семејство, познато под називот Cucurbitaceae.
Но, лубеницата, која содржи дури 92 отсто вода, е многу повеќе од обично летно разладување.
Имено, во преостанатите осум проценти, се кријат изобилство од хранливи материи и антиоксиданси. Токму како и доматот, својата интензивна црвена боја лубеницата ја добива благодарение на состојката ликопен.
Исто така, лубеницата влегува во категоријата на алкални намирници, што е уште една од нејзините бројни предности по општото здравје.


Пет бенефити од лубеницата:
1. Го зајакнува срцето и помага при хипертензија
Лубеницата го зголемува нивото на калиум и магнезиум во организмот, со што го нормализира крвниот притисок, односно го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.
Овој зеленчук има силни против воспалителни својства, односно придонесува за здравјето и еластичноста на крвните садови.
Истражувањата покажаа дека лубеницата, го крева имунитетот кај лицата кои се изложени под стрес. Исто така, со консумација на оваа летна намирница, која го стимулира имуниот систем, ќе можете побргу да заздравувате после грип или некоја друга болест.
2. Го намалува ризикот од рак, дијабетес и Алцхајмерова болест
Благодарение на изобилството со витамини Ц и А, кои имаат силно антиоксидативно дејство, лубеницата е ваш партнер во борбата против ракот.
Ликопенот од лубеницата докажано го намалува ризикот од рак на простата, рак на дојката, рак на дебелото црево и други видови на рак.
Исто така, лубеницата е богата со една посебна аминокиселина, која е есенцијална за регулација на глукозата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.