Зошто е добро да јадете кикирики секој ден?

Оваа позната намирница содржи повеќе од 30 важни витамини и минерали, има повеќе протеини за разлика од другите јаткасти плодови и е одличен извор на влакна и масти.
Истражувачите открија дека секојдневното јадење кикирики може да му помогне на здравјето на срцето.
Научниците укажуваат на тоа дека со консумирање на 400 г јаткасти плодови, вклучувајќи ги и кикириките, можe да ce намали ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања.
Ако јадете кикирики секој ден ќе добиете витамини, протеини, минерали и уште многу други работи.
Кикириките содржат повеќе протеини од останатите јаткасти плодови – дури 7 грама по оброк. Исто така се богати со есенцијални витамини и минерали, но и влакна и масти.
Витамини и минерали
Витаминот Е е прехрамбен антиоксидант кој ги штити клетките од оксидативниот стрес.
Магнезиумот е важен за работата на мускулите, вклучувајќи го срцето, функцијата на ензимите и производство на енергија.
Бакарот е неопходен за создавање на црвените крвни зрнца и за здрави крвни садови, имунолошкиот систем, нервите и коските.
Влакната влијаат на чувството на глад. Помагаат и на дигестивниот систем.
Кикириките се одличен извор на манган и ниацин.
Манганот е важен за преработка на холестеролот и хранливите супстанци како што се протеините и јаглехидратите, а ниацинот е важен витамин Б кој ја претвора храната во енергија, му помага на дигестивниот систем и има позитивно влијание на кожата.
Затоа е добро да јадете кикирики секој ден..

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.