Пивотот е неверојатен извор на витамини и минерали, меѓу кои магнезиум, калциум и селен, кои го штитат телото од сезонски болести. Исто така, содржи и антиоксиданси што помагаат во јакнење на имунитетот. Пивото има слични својства како и други здрави намирници со малку горчлив вкус како маслиново масло или рукола.
2. Ги јакне коските
„Жените кои пијат две мали пива дневно имаа посилни коски од оние кои не уживаат во пивото воопшто“, се вели во студијата на „National Collegea of Naturopathic Medicine“ во Орегон објавена во „Natural Medicine Journal“. Студијата покажала и дека пивото содржи значајни количество на разградлив сицилиум, што е еден од значајните елементи од кои се изградени човековите коски. Умереното консумирање пиво се препорачува посебно на жените во менопауза.
3.Ја разубавува кожата
Пивотот е фантастичен извор на Б комплекс витамините, кој влијае врз кожата, ја разубавува и затега, помага во одржување на тонусот на муксулите и му дава енергија на целото тело. Б витамините не се апсорбираат доволно од храната, па треба да се надокнадат на други начини, а чаша пиво е една од нив. Инаку, постои и урбана легенда која вели дека комарците ги избегнуваат личностите што имаат урамнотежено количество на Б комплекс во телото. Од друга страна, самите знаете дека пивскиот квасец помага во јакнењето на косата и ноктите.
4.Помага против уморот
Ако се чувствувате уморно и раздразливо, можно е да имате и недостаток на железо во крвта. Црното пиво е одличен извор и на тој минерал. Во Ирска дури порано на децата им се давале лажица до две црно пиво како лек. А пивото ќе ви помогне и да ја победите несоницата.
5. Ја намалува подуеноста на телото
Истражувања покажале дека темното пиво има повеќе хранливи материи од светлото пиво, кои пак помагаат во активирање на дигествиниот систе, ја намалуваат подуеноста и помагаат при опстипација. Во 350мл темно пиво има повеќе од еден грам прехрамбени влакна, а во истото количество светло многу помалку.
6. Го штити срцето
Умереното консумирање пиво го зголемува и количеството на добриот холестерот, а го намалува количеството на лошиот. Исто така, ја разредува крвта, па на тој начин го намалува и ризикот од срцев удар. Една италијанска студија покажа дека жените кои дневно пијат по едно пиво имаат 42 проценти помалку шанси да заболат од кардиоваскуларни болести за разлика од оние кои не го прават тоа.
7. Хидратизира после вежбање
После вежбањето испијте чаша пиво, велат шпанските истражувачи од универзитетот во Гранада. Тие докажале дека пивото подобро го хидрира телото дури и од водата, но кога тоа ќе достигне повисоки температури што е случај кај сериозни рекреативци и професионални спортисти. Пивото содржи и магнезиум, селен, фосфор, калциум, што помага и во релаксирање на телото.