Опојниот мирис од најпознатиот пијалак на светот и кофеинот што го содржи се најдобар начин да се започне денот. Или можеби сепак не? Станување од креветот, тетеравење до кујната, ставање кафе, средување во тоалет, пиење прва голтка од кафето – и после тоа почнувате да се будите. Кафето со причина е најпопуларен пијалак во светот, но треба да се знае во кое време и мера треба да се пие за да се има корист од него. Зошто пиењето кафе наутро лошо влијае врз жените?
Во една студија објавена во дигиталното издание од библиотеката на Американскиот медицински национален институт се покажало дека кафето на празен желудник, посебно кај жените лошо делува на здравјето. Поради природниот биолошки ритам, нивото на кортизол во телото најголемо е наутро кога се будиме, а најниско кога одиме да спиеме.
Лекарите истакнуваат дека пиењето кафе наутро кога нивото на кортизол е највисок, ги нарушува хормоните во организмот и го нарушува циркадијалниот ритам. Кортизолот лошо делува на овулацијата, хормоналниот баланс и килограмите.
Консумирањето кофеин кога нивото на кортизолот е највисоко предизвикува зголемено лачење кортизол. Иако досега не е објаснето зошто ова се случува, се верува дека е поврзано со влијанието на кафето на одредени витамини и минерали во телото.
Кортизолот, како и сите останати хормони, е неопходен за функционирање на организмот, но проблемот настанува кога се наоѓаме постојано под стрес и кога телото постојано го излачува. Ова може да доведе до зголемено ниво на шеќер во крвта и до инсулинска резистенција. Освен што поттикнува дополнително лачење кортизол, кафето на празен желудник може да се предизвика проблеми со варењето и да го зголеми нивото на желудочна киселина. Ако имате проблем со желудникот добро е да знаете дека ладното кафе е 70% помалку кисело од топлото.
Кога да се испие првото утринско кафе?
Ако станувате околу 7 часот наутро, најдобро е првото кафе да го испиете помеѓу 9 и 30 и 12 часот – кога нивото на кортизол е природно ниско. Важно е пред тоа да го имате изедено првиот појадок. Со оглед на киселоста на кафето, добро е да се појадуваат намирници богати со калциум како што се бадемите, јогуртот или чиа семките кои ја неутрализираат киселоста. Ако го пиете кафето во овој период ќе ја добиете потребната енергија.
Поради што наутро се чувствуваме поспано и покрај високото ниво на кортизол?
Зависност од кофеин
Ако телото е навикнато на кофеин тоа ќе престане да ги користи природните механизми за лачење кортизол и ќе се наслони на кофеинот. Но, ако престанеме со оваа навика, телото набрзо повторно ќе се префрли на неговите ресурси.
Дехидрација
Иако имаме чувство дека кога спиеме не правиме ништо, нашиот организам и тогаш е активен. Срцето чука, крвта тече, храната се вари. За тоа потребна е енергија и затоа наутро се будиме жедни.
Недостаток на сон
Многу е важно да спиеме најмалку 7 часа секоја ноќ ако сакаме да бидеме здрави. Ако имате проблем со спиењето, би требало да усвоите неколку навики – секогаш да одите на спиење во исто време и во исто време да станувате, да ги тргнете електронските уреди барем еден час пред спиење за телото да не се умори, и навечер да испиете билен чај што ќе ве релаксира.