Жените после долгите врски понекогаш се навикнуваат да го избегнуваат сексот со партнерот, додека други жени го одбиваат поради одредени причини. За мажите одбивањето е како груба казна.Тие најчесто мислат дека жените измислуваат причини поради кои одбиваат секс. Но, мора да се напомене дека тоа не е добро размислување бидејќи жените сакаат секс. Ако го одбиваат, значи постојат причини за тоа. Еве некои од нив.
Здравствени проблеми
Кога жената има некои здравствени проблеми сексот и е на последно место. Доколку жената има главоболка, болки во стомакот, рамената итн, тешко дека ќе размислува за секс. По ова прашање жемите и машките се речиси еднакви, па токму на ова поле мажите ќе имаат малку повеќе разбирање околу ситуацијата бидејќи и тие се исти.
Проблеми во врската
За разлика од мажите кои јасно знаат да го одвојат сексот од емоциите, на повеќето жени поважни им се емоциите. Токму поради ова, доколку постојат проблеми во врската, жените ќе одбиваат секс. Тогаш наместо на секс, инсистирајте на разговор кој ќе ги реши проблемите.
Лош секс
Оваа причина на мажите најмалку им се допаѓа. Некои жени не се расположени за секс од многу едноставна причина- се им се допаѓа сексот со партнерот. Ако мажот повеќе пати повотрува некои работи во сексот, а жената не го сака тоа, јасно е дека следниот пат жената ќе одбие. Многу веројатно е дека нема да признае отворено, но искрен разговор може да помогне да го решите проблемот.
Стрес
Кога жената е под стрес, не сака секс. Се повеќе жени секојдневно се изложени на стрес и притисок, дали поради работното место или поради други фактори. После некое време, насобраниот стрес почнува да го зема данокот. Последица од тоа е намалено либидо. Секако дека не станува збор за трајно губење на либидото, но сепак е доволно за да го наруши квалитетот на сексуалниот живот. Во овие моменти мажот треба да има разбирање за ситуацијата, зошто верувајте и жената не сака состојбата да биде таква.
ПМС
Колку и да е тешко за мажите да го разберат тоа, ПМС навистина постои, го предизвикуваат хормони и не е ни малку пријатно искуство. Многу жени патат од ПМС, а во тој период жените се тажни, депресивни, лути. Не треба да се заборават ни физичките симптоми, како што се на пример болни гради или болки во стомакот. Во такви моменти на жената не и е до секс, но сака нежност и љубов.
Има друг
Потполно е возможно жената да одбива секс, бидејќи повеќе се интересира за секс со ддруг маж.Ако ситуацијата е таква тогаш имате поголеми проблеми со недостаток на секс во врската. Жените после долгите врски понекогаш се навикнуваат да го избегнуваат сексот со партнерот, додека други жени го