Зошто жените треба да спијат подолго од мажите?

Резултатите од истражувањето во кое учествуваа 210 мажи и жени во средовечни години покажуваат дека на жените им треба повеќе сон отколку на мажите и дека жените имаат претрпено поголеми здравствени проблеми од мажите поради недостаток на спиење.
„Откривме дека лошото спиење кај жените е силно поврзано со високото ниво на ментална болка и поголемото чувство на непријателство, депресија и бес. Од друга страна, овие чувства не беа поврзани со истиот степен на нарушување на сонот кај мажите“, велат истражувачите.
Дим Хорн, водечкиот британски експерт за изтражувањето на спиењето, вели дека една од главните функции на спиењето е да му овозможи на мозокот да се опорави и поправи.


„За време на длабокиот сон, дел од мозокот кој е одговорен за меморијата, меѓу другото, е одделен од сетилата и на тој начин се обновува. Колку повеќе го користите мозокот во текот на денот, потребна ви е поголема количина на закрепнување за време на спиењето“, рече тој.
Тој објаснува дека жените обично прават повеќе задачи и затоа го користат мозокот повеќе од мажите.
„Затоа тие имаат поголема потреба од спиење“, заклучи тој, и истакна дека жените во просек спијат 20 минути повеќе од мажите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.