Зошто и од каде потекнува традицијата за спуштање на знамето на половина копје?

Од каде потекнува оваа традиција?
Со векови се користи ширум светот и кореспондира со законите на одредена држава.
Најчесто, во деновите на жалост, сите државни органи и органите на локалната самоуправа како и јавните служби го спуштаат државното знаме на половина копје.
Сепак, не е целосно познато кога за прв пат било спуштено знаме на половина копје, меѓутоа најстариот датум бил 1612 година, кога капeтанот на еден британски брод починал за време на пловењето до Канада. Кога бродот се вратил во Лондон, знамето на главниот јарбол било спуштено на половина копје во чест на починатиот капетан.
Зошто морнарите го спуштиле знамето? Многу историчари веруваат дека со спуштањето на британското знаме, морнарите сакаат да направат место за невидливо знаме на смртта. Објаснувањето се совпаѓа со британската традиција на спуштање на знамето „точно на место под нормалната положба“ за да се стави знамето на смртта.
Интересно е тоа што знамето всушност не се спушта на половина копје. Според правилото, знамето во ден на жалост прво брзо се издигнува на врвот на јарболот, а потоа полека се спушта до позиција за да биде на половина копје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.