Додека киваме спонтано ги затвораме очите и киваме во континуитет, или пак се обидуваме да го спречиме тоа. Не размислуваме од што е предизвикано кивањето и зошто тоа се случува.
Според објаснувањето на научниците, кивањето е еден вид ресетирање, исто како кај компјутерите. Притисокот што минува низ носните шуплини во моментот на кивање исфрла лоши честички наталожени во текот на дишењето. Кивањето е предизвикано од биохемиски сигнали испратени од микроскопски влакненца во клетките на носот.
Бактериите исфрлени преку кивање се движат со брзина од 160 км на час. Никој не може да им избега бидејќи стигнуваат до оддалеченост од 10 метри.
Затворањето на очите е принуден рефлекс кој не може да се контролира. Непосредно пред кивањето мозокот испраќа порака дека треба да ги затвориме очите. Во моментот на кивање срцето работи успорено, но тоа многумина не го регистрираат. Кивањето никогаш не треба да се задржува или да се инсистира на тивко кивање бидејќи може да дојде до пукање на капилари во очите и проблеми со дијафрагмата.