Зошто краставицата е најдобар пријател на кожата

Краставиците често пати се нарекуваат и супер-храна, бидејќи имаат големо позитивно влијание врз здравјето на луѓето. Но, покрај тоа што тие се одлични за организмот на човекот, тие се одлични и за кожата! Краставицата содржи 90% вода и хранливи материи како витамин Ц и кофеинска киселина, коишто помагаат во смирување, хидрирање и надополнување на кожата и ги намалуваат отоците и воспаленијата.Затоа краставицата се смета како најдобар начин за да ја третирате кожата, а еве неколку примери како да го направите тоа.
Изгореници од сонце

Доколку сте поминале подолг дел од денот подложни на сонце и како последица вашата кожа е со изгореници, тогаш најдобар начин е да направите облоги од краставица. Краставицата на природен начин ќе ги разладува раните и ќе ја смири кожата и ќе помогне на побрз начин да ви поминат изгорениците. Исечете неколку парчиња од краставицата и ставете ги на изгореното место на кожата и тргнете ги кога ќе почнете да чувствувате топлина.

Против целулит
Целулитот, како последица од мастите, најчесто се појавува на бутовите, задникот, рацете и стомакот. За да се ослободите од целулитот, измешајте една лажица мед со сок од краставица и потоа смесата нанесете ја на делот од телото каде што имате целулит. Оваа смеса можете да ја користите и за брчки.
Намалување на темните кругови под очите
Антиоксидансите и силициум диоксидод кои се наоѓаат во краставицата помагаат во осветлување на кожата. Ставете две парчиња краставица на очите и оставете да отстојат околу 10-20 минути. Ќе забележите промени!
Намалување на подуени подочници
Краставицата содржи аскорбинска киселина, којашто го намалува задржувањето на водата и на тој начин ја намалува подуеноста. Ставете по едно парче на очите и оставете да отстои некое време. Овој метод помага и за уморни очи – особено кога гледате во екранот од компјутерот подолго време.
Ја подобрува бојата на кожата
Измешајте краставица со свеж лимонов сок и ставете како маска на лицето. На овој начин ќе го направите вашето лице повеќе сјајно. Исто така, со оваа маска се намалуваат и лузните и пигментацијата.
Ги стегнува порите
Направете смеса од краставица, вода од рози, мед и неколку капки од лимонов сок. Ставете ја смесата на целото лице, оставете да отстои 15 минути и потоа измијте го лицето со топла вода. На овој начин се стегаат порите.
Секогаш одбирајте краставици коишто се свежи, користете ги 2-3 дена најдолго откако ќе ги купите и секогаш чувајте ги во фрижидерот. За совршена кожа, покрај употребата на краставицата, трудете се да се туширате секојдневно, да ја штитите кожата од сонце, да се откажете од пушењето цигари, да конзумирате здрава храна и секогаш шминката да ја вадите пред спиење.Затоа краставицата се смета како најдобар начин за да ја третирате кожата, а еве неколку примери како да го направите тоа.
Изгореници од со

Пронајдете не на следниве мрежи: