Зошто кучињата ги ставаат своите шепи на вас?

Кучињата сакаат да ги следат своите сопственици насекаде, делумно поради менталитетот на глутницата. Исто така, тие сакаат да копаат затоа што мирисаат нешто под земја. Но, зошто сакаат да ги потпираат шепите на вашето колено? Некои мислат дека ова сигнализира дека тие се доминантни, други дека тоа е знак на наклонетост, но еве ја вистинската причина.
Зошто кучињата ги ставаат своите шепи на вас?

Ребека Форс, тренер за кучиња, вели дека кучињата со овој гест всушност пробуваат неколку работи.

„Најочигледната причина е дека бараат внимание. Кога кучето ќе ја стави шепа на некого, знае дека веројатно ќе ѝ биде убаво на таа личност и дека ќе го погали, па кучето продолжува да го прави тоа“, тврди Ребека Форс.


Но, ова понекогаш може да значи дека кучето е гладно.
„Шепата е потсетник дека е време за храна, но сопствениците не треба секогаш да реагираат нудејќи храна“, предупредува таа.

Кучето може да ја подаде шепата дури и кога е под стрес. Ако се сомневате дека ова е причината, проверете дали ушите на кучето се исправени и дали опашката е свиткана, што исто така може да покаже дека кучето се чувствува загрозено.

„Кучињата честопати ја подаваат својата шепа без никаква причина, освен што сакаат да се поврзат со својот сопственик. Со допирањето се ослободува окситоцин, хормонот на среќата, исто како кај луѓето. Иако вашето куче можеби бара внимание, гладно е или под стрес, давањето шепа може да биде и знак со кој тоа сака да го зајакне вашето пријателство“, заклучува Ребека Форс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.