Зошто луѓето викаат кога се лути?

Еден ден, учителот ги прашал своите ученици: „Зошто луѓето викаат кога се лути?“
Учениците размислувале некое време, а потоа рекле: „Викаме затоа што губиме трпение.“
Тој потоа ги прашал: „Но, зошто би викал ако личноста е до тебе? Зарем не е можно да зборувате тивко и бавно?“
Учениците продолжиле да одговараат, но ниту еден одговор не го задоволил учителот. На крај тој им кажа: „Кога две личности се расправаат, нивните срца се оддалечуваат. Затоа мораат да викаат еден на друг, за нивниот глас да ја премости далечината и да можат да се чујат. Колку е полути, мораат погласно да викаат, затоа што оддалеченоста меѓу нив е поголема.“


Потоа, учителот прашал: „Што се случува кога две личности ќе се заљубат? Не викаат еден на друг, туку зборуваат тивко и нежно. Зошто? Нивните срца се многу блиску. Оддалеченоста меѓу нив е мала. А што се случува кога уште повеќе се сакаат? Не говорат. Само шепотат и се уште поблиску во својата љубов. Конечно, на крај не мораат ни да шепотат. Само се гледаат и тоа е се.“
Учителот завршил со зборовите: „Кога се расправате, немојте да дозволите вашите срца да се оддалечат, не изговарајте зборови кои би можеле уште повеќе да ве оддалечат. Ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе биде толку голема, што воопшто нема да може да се вратите назад.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.